Култура
Громогласен аплауз за „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ во престижниот Шајо во Париз
17.03.2022 12:27
Станува збор за претстава со една поинаква естетика за која кореографијата е на Рисимкин...

Громогласен аплауз за Скопје танцовиот театар синоќа во престижниот Шајо во Париз. За првпат танчарите на Рисима Рисимкин ја изведоа претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ во Националниот театар за современ танц во Франција.
Станува збор за претстава со една поинаква естетика за која кореографијата е на Рисимкин, музиката ја напиша Тони Китановски, костимите ги изработи Благој Мицевски, а сценскиот дизајн е на Матеа Мијановиќ, публиката можеше да ја проследи на 10 март на големата сцена на Македонскиот народен театар, пред заминувањето за Париз.
Скопје танцовиот театар ќе настапи и вечерва и утре во Шајо во Париз.
