Разговор на Османи и шефот на француската дипломатија
Во фокусот на разговорите било европското досие на Северна Македонија и потенцијалите на француското претседателство за напредок во нашата евроинтеграција.

Јасна и недвосмислена порака за поддршка на Франција за почеток на преговори со ЕУ, добил министерот за надворешни работи Османи во телефонскиот разговор со францускиот шеф на дипломатијата Жан-Ив Ле Дриан. Во фокусот на разговорите било европското досие на Северна Македонија и потенцијалите на француското претседателство за напредок во нашата евроинтеграција.
Станало збор и за текот на политичкиот дијалог со Бугарија и состојбите во Украина и како истите се рефлектираат на земјите од западен Балкан, врз стабилноста и безбедноста на регионот и Европа во целост. Османи го информирал Ле Дриан дека е постигната 100-процентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и дека европската перспектива на земјава и регионот е суштински придонес за одржлива регионална и европска стабилност.
