Тенис, Дејвис Куп, 1/4-финале во Светската група

Чешка и Германија на чекор до полуфинале

05.04.2014 13:23

Пораз на Станислас Вавринка за 1-1 меѓу Швајцарија и Казахстан и неочекувано водство на Германците против Французите.Тоа се двете изненадување коишто му дадоа белег на првиот ден од викендот со четвртфиналните натпревари во Светската група на тенискиот Дејвис Куп. На победа до полуфиналето се и Чесите, а дождот го наруши текот на мечот меѓу Италија и Велика Британија.

Пораз на Станислас Вавринка за 1-1 меѓу Швајцарија и Казахстан и неочекувано водство на Германците против Французите.Тоа се двете изненадување коишто му дадоа белег на првиот ден од викендот со четвртфиналните натпревари во Светската група на тенискиот Дејвис Куп. На победа до полуфиналето се и Чесите, а дождот го наруши текот на мечот меѓу Италија и Велика Британија.

Андреј Голубев ја забележа најголемата победа во кариерата, фрлајќи го на колена Станислас Вавринка со 7-6, 6-2, 3-6 и 7-6 по сетови на отворањето на натпреварот Швајцарија-Казахстан во Женева. Киксот на моменталнот третиот тенисер на светот и актуелен освојувач на Австралискиот Опен потоа го надомести Роџер Федерер со лесниот триумф над Михаил Кукушкин од 6-4, 6-4 и 6-2 по сетови. Непланираниот пораз им ги наруши плановите за Швајцарците уште денеска да ги решат сите дилеми. Место тоа, одлуката сеќако ќе падне в недела.

Без главните ѕвезди Бердих и Нишикори, во Токио Чешка има лесни 2-0 против Јапонија. Шампионот од последните две години е блиску до нов пласман меѓу најдобрите четири благодарение на Радек Штепанек и на Лукаш Росол. Штепанек славеше против Тацуме Ито со 6-7, 7-6, 6-1 и 7-5 во сетови, додека уште потежок пат мина Росол за триумф против Тар Даниел од 6-4, 6-4, 3-6, 4-6 и 6-2 по сетови. Се може да биде јасно по денешниот дубл-меч Штепанек/Весели-Ито/Учијама. 

Француските навивачи во Нанси се во неверување, откако „триколорите“ се пред рана елиминација во мечот во којшто важеа за фаворити. Иако без најсилните адути Хас, Колшрајбер и Мајер, Германија води со убедливи 2-0. Тобијас Камке беше подобар од Жулиен Бенето со 7-6, 6-3 и 6-2 по сетови, а уште поголем подвиг направи анонимниот 119.играч на светот Петер Гојовчик, совладувајќи го Жо-Вилфрид Цонга со 5-7, 7-6, 3-6, 7-6 и 8-6 по сетови. Ќе им треба чудо на Французите да се спасат во последните два дена од дуелот.

Во Наполи дождот за неколку часа ги помести мечевите, па поради мрак беше прекинат мечот меѓу Андреас Сепи и Енди Мареј, при водство на Мареј од 1-0 во сетови. Претходно, Италијанците во водство ги донесе Фабио Фоњини, со победата од 6-4, 2-6, 6-4 и 6-1 по сетови. По довршувањето на прекинатиот сингл-меч, денеска ќе биде одигран дуелот во двојки на Симоне Болели и Паоло Лоренци со Рос Хачинс и Колин Флеминг.