СТРЕЛАШТВО

Eвропско злато за параолимпијката Наковска- Бикова

17.03.2022 08:49

Наковска-Бикова во дисциплината воздушен пиштол 10 метри по квалификациското од утринава трето место, во финалната завршница каде беа 8 натпреварувачки стигна до златото со погодени 232,3 круга, во неизвесен натпревар во кој втората турчинката Озган имаше 231,5 круга.

Со златен медал се закити македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова на европскиот шампионат во Хамер, Норвешка. Наковска-Бикова во дисциплината воздушен пиштол 10 метри по квалификациското од утринава трето место, во финалната завршница каде беа 8 натпреварувачки стигна до златото со погодени 232,3 круга, во неизвесен натпревар во кој втората турчинката Озган имаше 231,5 круга. Бронзата  ја освои светската рекордерка во оваа дисциплина Пехливалнар. Уште двајца македонски претставници беа дел од европското, Александар Јовановски за еден круг не влезе во финалето, заврши како 10-ти, 19-тото место беше конечен пласман за Ванчо Каранфиловски.

Резултатите од Континенталниот шампионат не се квалификациски за Параолимписките игри во Париз, но влегуваат во нормите за светското во ноември годинава, кое пак, е квалификациско за параолимписките игри 2024-та.