Во францускиот ски- центар Куршавел стартуваше завршницата во светскиот скијачки куп
Кај дамите извонредна трка понуди Михаела Шифрин која ја заведе првата спуст победа сезонава на финалето во оваа луда дисциплина, влетувајќи низ целната рамнина за само 10 стоти делови од секундата побрзо од австриката Шејер и швајцарката Хехлен кои беа на делба на второт место.

На отворањето на финалниот расплет се скијаше најмоќната, адреналинската дисциплина во обете конкуренции, спустот. Кристалниот глобус кај скијачите го освои Килде кој се запиша како 4-ти норвежанец кој го освојува спуст трофејот. Иако Килде беше 4-ти денеска во Куршавел по искијано крајно рискантна трка, сепак на крајот се се исплатеше. Овој пласман на норвежанецот беше доволен да го разочара Фоиц, кој пак не се израдува на третото денешно остварување, бидејќи беше еднакво на губење на шампионскиот трон во оваа супер брзинска дисциплина за само 17 бода. Второто денешно место пак, на извонредниот сезонава швајцарец Марко Одермат, значеше и ставање точка на супер сезоната за него со лидерскиот статус во генералниот поредок, што го промовира како прв швајцарец по 2010-тат и Карло Јанка освојувач на големиот кристален глобус. Инаку, победник на денешниот последен 11-ти спуст сезонава беше Винсент Крихмаер кој стигна до 11-тото славје во кариерата или само втор триумфален спуст за 2021/22.
Кај дамите извонредна трка понуди Михаела Шифрин која ја заведе првата спуст победа сезонава на финалето во оваа луда дисциплина, влетувајќи низ целната рамнина за само 10 стоти делови од секундата побрзо од австриката Шејер и швајцарката Хехлен кои беа на делба на второт место. Иако денеска дури 12-та италијанката Софија Гоџија го освои кристалниот глобус во спустот пред швајцарката Лара Гуд Бехрами за 94 бода. Со овој триумф 29 годишната италијанка го одбрани тронот, а го освои третиот кристален спуст глобус во својата кариера. Денешната победа на Шифрин сериозно ја доближува до 4-тото славјето во кариерата во генералниот поредок.
Утре во Куршавел на програмата е супервелеслаломот во обете конкуренции каде веќе е јасно кој го има трофејот во оваа дисциплина. Килде повторно со трофејно високо кренати рацете ќе прослави, кај скијачките повторно италијанка ќе ги собере почестите, но тука Фредерика Брињоне која по две сезони на второто место, конечно го има врвот.
