МРТ

Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?

17.03.2022 14:59

„Мој воздух“ – Македонската апликација е номинирана за награда за животна средина. Никола Трајковски на линк со Горјан Јовановски, креатор на Ер-Кер.

Банка за храна „Македонија“ – Помош за ранливите категории во услови на криза. Гостин во студиото на Македонија наутро, Душко Христов – претседател на организацијата.

Сајбер безбедност – современиот живот и современите војни се водат на повеќе нивоа, а едно од нив е виртуелниот простор. Како да се заштитиме, дали сме подготвени и имаме ли капацитет? Зборуваме со Љубица Пендаровска, експерт за заштита на лични податоци.

„Мој воздух“ – Македонската апликација е номинирана за награда за животна средина. Никола Трајковски на линк со Горјан Јовановски, креатор на Ер-Кер.

Битола – Успешна скијачка сезона во Рекреативен центар „Нижеполе“. Ружица Ѓоршевска ќе разговара со Методија Граматиковски.

Кик-бокс – Пет златни медали од големите натпреварувања. Следува професионална борба во Сараево во мај. Анита Никушева Јованчев разговараше со Димитар Ѓорѓиев.

„Вера Тур 2022“ – Велосипедска тура во чест на починатите од Ковид-19, која ќе биде прослава на животот и човековите вредности. 2.500 километри низ шест балкански држави, старт и финиш во Македонија. Гости во Македонија наутро, организаторот Александар Стојков и велосипедистот Лазо Миновски.

„Македонија наутро“ почнува во 06:45 часот.