Прилеп: Соодветни се предлог-мерките за училиштата
Предлогот на комисијата за заразни болести основците да не носат маски на часовите, туку само наставниците и техничкиот персонал е соодветен, сметаат од прилепскиот Центар за јавно здравје каде здравствената состојба во училиштата ја оценуваат за мирна и стабилна. Наставниот кадар со предлог и тој во догледно време да ги симне маските. И граѓаните, главно, се согласуваат...

Соодветни се предлог-мерките на Комисијата, основците да не носат маски на училиште, туку само наставниот и техничкиот кадар, сметаат надлежните од прилепскиот Центар за јавно здравје. Во основните училишта, епидемиолошката состојба се оценува како мирна.
Наставниот кадар со додавка-може да се прошират мерките, па и тие да ги симнат маските на часовите.
Учениците се радуваат на настава без маски, граѓаните, главно, се согласуваат, само додаваат – возрасните се многу понедисциплинирани од децата.
Во 10-те училишта во Прилеп има 7.000 основци. Во моментов има девет позитивни ученици и исто толку во изолација и шест од наставниот и техничкиот кадар.
Елизабета Митреска
