Трговија

Основните прехранбени производи од денес без ДДВ, пазарната инспекција на терен

17.03.2022 16:40

Од денес продажба на основните прехранбени производи во маркетите со нула проценти ДДВ. Владата апелира-на увид барајте фискални сметки. Инспекторите на терен. Казнија 40-тина трговци на мало кои не ги почитувале законските обврски …

Стапи во сила мерката за укинување на данокот за додадена вредност за основните прехранбени продукти од пет на нула проценти. Ова е дел од владиниот пакет антикризни мерки за зачувување на животниот стандард. Мерката ги опфаќа лебот, брашното, млекото, шеќерот, сончогледовото масло, месото, белиот ориз и јајцата.

Инаку, пазарната инспекција извршила околу 200 надзори кај трговците на мало и кај дел од оние на големо во последниве неколку денови. При тоа, кај 41 субјект утврдени се прекршоци на законот за трговија и за потрошувачи.

Нема да дозволиме манипулации од страна на трговците, порачаа од Пазарниот инспекторат. Додаваат – бараме доверба и трпение бидејќи максимално се грижиме за спроведување на обврските наложени од власта.

Марија Котовска