Прва регионална театарска копродукција

05.04.2014 13:39

Mакедонски актери и режисерот Mартин Kочовски почнуваат прва голема копродукција со државен театар од Бугарија. Ќе се работи претстава по текст на Бертолд Брехт. Со Македонските актери Кочовски има успешна повеќегодишна соработка со меѓународни и домашни признанија...

Петмина македонски актери, двајца од Битола, тројца од Прилеп ќе бидат носители во претстава што ќе се режира во Бугарија. Режисерот Мартин Кочовски таму ќе ја работи претставата „Мажот е маж“ според Бертолд Брехт. Станува збор за голема копродукција меѓу мал драмски театар од Битола, Прилепскиот театар, фестивалот Експонот од Љубљана и народниот театар од Враца Бугарија, прва од ваков вид на овие простори.

Да успееме да направиме една соработка меѓу државен театар од Македонија и државен театар од Бугарија. Тоа за првпат се случува“, вели Мартин Кочовски, режисер.

Со прилепскиот ансамбл Кочовски собра домашни и меѓународни признанија. Сега соработката се шири, као што вели, на уметничкото друштво од земјите од регионот. Актерите со ново искуство.

„Да се работи, да се зборува за театар со луѓе од надвор секогаш дава простор да размислуваме и да твориме малку покреативно“, вели Владимир Ѓорѓиоски, актер.

Многу ретко сме имале шанса да играме во други театари, а сега не само што ќе играме во друг театар“, изјави Димитар Црцороски, актер.

Драго ми е што сум дел од екипата што ја избра Мартин Кочовски“, вели актерката Наташа Наумоска.

Вклучен е композиторот Оливер Јосифоски, бугарски костимограф и сценограф, тројца актери од Бугарија за специфична, уникатна претстава.

„Проблематиката на претставата е иденитетот и затоа ќе отвора некои прашања што политичката култура ги избегнува“, вели режисерот Мартин Кочовски.

Копродукцијата „Мажот е маж“ во Бугарија ќе се работи во мај, а премиерата е за крајот на јуни.

 

Елизабета Митреска