Денот ѝ припадна на Шифрин
Шифрин со денешните и вчерашните собрани бодови ја направи разликата со словачката скијачка ланската освојувачка на генералниот поредок, Петра Влхова недостижна, 236 бода, иако остануваат уште слаломот и велеслаломот да се скијаат како дел од завршницата на светскиот куп, викендов.

По перфектно искијаниот спуст и на лично изненадување, Микаела Шифрин и денеска демострираше феноменален перформанс, сега во супервелеслаломот каде второто место и дефинитивно ја подвлече како освојувачка на големиот кристален глобус. Шифрин со денешните и вчерашните собрани бодови ја направи разликата со словачката скијачка ланската освојувачка на генералниот поредок, Петра Влхова недостижна, 236 бода, иако остануваат уште слаломот и велеслаломот да се скијаат како дел од завршницата на светскиот куп, викендов. За словачката ќе остане како утеха трофејот од слаломот, бидејќи во очи на последната 9-тата трка за сезонава таа е убедлива на првото место пред Шифрин. Што се однесува до денешниот расплет, покрај американката на подиумот како најдобра се искачи норвежанката Мовникел која само за 5 стотинки и ја украде славата на Шифрин, додека трета денеска беше швајцарката Гисин. Ова беше прва победа на норвежанката во супервелеслалом сезонава, или воопшто втор победнички подиум во кариерата, двете славја и се од оваа сезона. Инаку и пред почетокот на трката беше познато дека освојувачка на кристалниот глобус во супервелелаломот е 31 годишната Фредерика Брињоне која по две сезони како втора во оваа дисциплина за првпат го освојува супер-џи трофејот.
Кај скијачите повтроно во два дена доминантен во франсускиот ски центар австриецот Винсент Крихмаер кој денешната победа ја прослави во супервелеслаломот пред истиот скијач како на вчерашниот спуст, швајцарецот Марко Одермат за 53 стотинки, додека заостнувањето од 75 стоти делови од секундата го оставија на третото место Кавецел. И по денешниот последен 7-ми супервелеслалом победнички со малиот кристален глобус со виско кренати рацете беше Килде како и во вчерашниот ден по спустот.
Викендов се спушта завесата за сезоната 2021/2022 во алпското скијање со двете технички дисциплини, велеслалом и слалом. За слаломот ќе биде борба помеѓу норвежаните Кристоферсен и Братен за трофејот, додека веќе како освојувач на велелаломскиот трон е потврден Одермат.
Кај дамите во најтехничата дисциплина Влхова го има приматот на освојувачка, во велелаломот саботната трка ќе потврди дали тоа ќе биде Хектор која во моментов е водечка со 5 бода (522) пред Ворлеи (517), или Шифрин (471) од третата позиција ќе изненади, а во шанса е и Влхова (431), но ќе треба првите три комплетно да потфрлат.
