Македонија убедлива против Романија, Талевски блесна со 10 голови

17.03.2022 22:00

Македонија одигра добро првото полувреме по кое водеше со три разлика и перфектно второ полувреме и ја заслужи победата од осум разлика.

Во прекрасен амбиент и полни трибини во „Борис Трајковски“, Македонија ја совлада Романија со 30:22 во првиот меч од бараж двомечот за пласман на СП.

Македонија одигра добро првото полувреме по кое водеше со три разлика и перфектно второ полувреме и ја заслужи победата од осум разлика.

Филип Талески со 10 голови беше најефикасен во нашиот тим, Филип Кузмановски и Кирил Лазаров постигнаа по седум голови.

Реваншот Романија – Македонија  е закажан за в сабота од 16:55 со пренос на МТВ 1.