Бугарија

Приведен Бојко Борисов и тројца поранешни функционери за проневера на европски пари

18.03.2022 07:49

Борисов е изнесен од својот дом со црно полициско возило откако претходно неколку часа имало претрес во неговата куќа.

Поради основани сомненија за злоупотреба на средства од европските фондови, приведен е поранешниот премиер и лидер на опозициската ГЕРБ, Бојко Борисов.

Според бугарскиот јавен сервис БНТ, претреси биле извршени и кај поранешниот министер за финансии, како и уште кај уште два члена на кабинетот на поранешниот премиер Борисов. Никој не смее да биде над законот, ја коментираше премиерот Петков акцијата на полицијата.