Македонија

Условни казни затвор и плаќање за штетата за учесниците во „Шарената револуција“ Савески и Куновски

18.03.2022 11:13

Професорот Савески смета дека пресудата е пример за гнилиот правен и политички систем на земјава...

Условна казна од 6 месеци добија Здравко Савески и Владимир Куновски, за демолирањето на канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, за време на „Шарената револуција“ пред 6 години.

На двајцата им се судеше за учество во толпа што ќе стори кривично дело. По две ослободителни пресуди кои ги укина апелација, денеска судот ги казни на 6 месеци условна затворска казна, која нема да се спроведе доколку во наредните 5 години не сторат ново кривично дел. Тие ќе треба да ја надоместат и штетата во вредност од 8,5 илјади евра.

Професорот Савески смета дека пресудата е пример за гнилиот правен и политички систем на земјава.