Тенис

Надал стигна до осумнаесетата победа во низ сезонава

18.03.2022 10:19

Тој во тежок меч против секогаш иак, 132 во светскиот тениски поредок, незгодниот, непредвидлив, нервозен австралиец Кирjoс, славеше по речиси три часа игра низ три сета (7:6, 5:7, 6:4). Надал ја направи неверојатната серија од 18 победи во низ сезонава по супер камбекот по шест месечното отсуство од тениските терени.

Шпанскиот тенисер и четврти носител, Рафаел Надал е на чекор до меч за 4-тата титула на тенискиот турнир во Индијан Велс како дел од мастерс 1000 серијата. Тој во тежок меч против секогаш иак, 132 во светскиот тениски поредок, незгодниот, непредвидлив, нервозен австралиец Кирjoс, славеше по речиси три часа игра низ три сета (7:6, 5:7, 6:4). Надал ја направи неверојатната серија од 18 победи во низ сезонава по супер камбекот по шест месечното отсуство од тениските терени.

Почетокот на мечот му припадна на Кирјос кој преку брејк беше на чекор до освојување на сетот, но шанецот не само што се врати успеа да ја сврти работата и го добие преку тај-брејк (7:6). Во вториот сет се играше гем за гем, кој на крајот сепак повторно преку тај-бреј се одлучи, но сега во корист на австралиецот (7:5). Во третиот сет кога ја имаше брјк шансата нервозниот Кирјос ја пропушти, што пак за фокусираниот и дисциплиниран Надал беше доволно да го однесе мечот во конечен триумф и пласман во ½ финалето на калифорнискиот турнир.  Надал во меч за трофејот ќе треба да биде подобар од сонародникот 18 годишниот Карлос Алкараз, кој пак преку сигурни два сета (6:4, 6:3) беше победникот во дуелот со ланскиот освојувач на Индијан Велс, британецот Камерон Нори. На другата половина на турнирот за ½ финално соочување ќе играат србскиот тенисер 61 на АТП, Миомир Кецмановиќ и домашниот тенисер Тејлор Фриц, како и 7-миот носител русинот Андреи Рубљев наспроти 35-тиот, бугаринот Григор Димитров.

Кај тенисерките покрај супер дуелот за финале меѓу втората носителка, полската тенисерка Свиатек и романката Халеп, ½ финален меч закажаа грчката тенисерка 6-то рангираната Сакари и шпанката 7-мата во Индијан Велс, Бадоса. Гркинката  беше четвртфинално подобра од казахстанката Рибакина по два сета (7:5, 6:4), Бадоса од русинката Кудерметова исто така по два сета игра (6:3, 6:2).