Македонија

Лицата со попреченост и децата без родители се ослободуваат од партиципација за студирање

18.03.2022 12:57

На иницијатива на Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост, Владата донесе Уредба за нивно ослободување од партиципација за студирање...

На иницијатива на Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост, Владата донесе Уредба за нивно ослободување од партиципација за студирање.

Сите лица со попреченост запишани на прв, втор и трет циклус на студии на јавните високообразовни установи, се ослободуваат од партиципација. Од партиципација за студирање се ослободуваат и лицата со статус на деца без родители и родителска грижа, невработените родители на деца и лицата со статус воени инвалиди.

До донесувањето на оваа уредба, право на ослободување од партиципација имаа само некои категории на лица со попреченост, што практично ги ставаше останатите во подредена позиција.