Над 10.000 сметководители добија сертификати од Министерството за финансии
Сите заинтересирани за привремено и трајно уверение за сметководител или овластен сметководител треба да поднесат барање до Министерството за финансии до 13 мај, кога е крајниот рок за аплицирање...

Министерството за финансии досега има издадено 10.005 сертификати за сметководители. Од нив 2.833 се трајни уверенија, а привремени уверенија, односно уверенија кои се со важност од 30 месеци до 4 години се 7.172, соопштија денеска од министерството.
Сите заинтересирани за привремено и трајно уверение за сметководител или овластен сметководител треба да поднесат барање до Министерството за финансии до 13 мај, кога е крајниот рок за аплицирање.
Привремено уверение за сметководител, ќе се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 3 години, или вишо образование и работно искуство од 2 години, или високо образование и 1 година работно искуство. Надоместокот за издавање на привремено уверение за сметководител ќе изнесува 300 денари.
Привремено уверение за овластен сметководител, ќе се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 10 години, или вишо образование и работно искуство од 8 години, или високо образование и 3 година работно искуство. Надоместокот за издаванје на привремено уверение за овластен сметководител ке изнесува 500 денари.
Трајно уверение за сметководител или овластен сметководител, ке се издава на лица кои имаат 25 години работно искуство во сметководствени работи. Надоместокот за издаванје на трајно уверение за сметководител или овластен сметководител ке изнесува 1.000 денари.
