Македонија

Се зголемува бројот на бегалци од Украина во државата

18.03.2022 15:18

Според претставникот на украинската заедница кај нас, Олександр Урбановиц во Македонија досега влегле речиси 400...

Постепено се зголемува бројот на бегалци кои од Украина пристигнуваат во државава. Според претставникот на украинската заедница кај нас, Олександр Урбановиц во Македонија досега влегле речиси 400-ини. Најголем дел се сместени во Скопје, но има во другите градови.

„Сега ние сме во судир со луѓе кои доаѓаат од Украина, бегалците, помагаме да се сместат, да се снајдат со документи, некои сакаат да се вработат, и ги консултираме во тој правец. По вчерашната комуникација со азил имаме 390 луѓе дојдени во Македонија, сите сместени претежно кај семејства, пријатели, роднини. Тоа се мајки со деца.“

Активно се работи на обезбедување хуманитарна помош која континуирано се испраќа за Украина. Досега заминале шест камион, се подготвува уште еден.

„Го спремаме седмиот камион кој ќе биде испратен за пет дена. Во последната пратка имаме алишта, лекови храна, пелени, хигиенски средства.“

Владата на последната седница го усвои планот за прифаќање бегалци од Украина. Министерството за финансии треба да обезбеди 120 милиони денари за хотелско сместување и други услуги, пари коишто ќе и ги префрли на Службата за општи и заеднички работи.

Марина Т. Стојанова