Атлетика

Стојоски го заврши настапот на светското првенство во сала

18.03.2022 15:38

Стојоски со истрчаното време 47секунди и 80 стотинки заврши на 21-то место во конкуренција од 25 атлетичари кои беа дел од квалификациите.

Единствениот македонски претставник на светското првенство во атлетика во сала чиј домаќин е Белград, Јован Стојоски денеска трчаше во квалификациската трка на 400 метри. Стојоски со истрчаното време 47секунди и 80 стотинки заврши на 21-то место во конкуренција од  25 атлетичари кои беа дел од квалификациите. Најбрз во квалификациите беше белгиецот Ватран со време 45.88. Инаку, ова не е најдоброто истрчано време на нашиот олимпиец, тој годинава го имаше најдоброто остварување од 47.18, кое воедно е македонски рекорд. Јован Стојоски кој живее и тренира во Белград е единствениот македонски претставник на планетарниот атлетски собир.

Инаку светскиот шампионат во сала во главната српска метропола каде е собрана елитата на атлетиката започна денеска, ќе трае до 20-ти март, а ќе земат учество 680 атлетичари од 137 држави.