Нема интерес за вакцинација, Министерството организира карван
В понеделник тргнува карван за вакцинација против Ковид-19. Ќе се опфатат 14 места. Од Министерството за здравство велат-голем дел од населението е сè уште незаштитено. На пунктовите, интересот слаб…

Министерството за здравство од понеделник ќе организира карван за вакцинација против Ковид-19, кој ќе опфати 14 локални заедници низ државата и ќе трае две недели. Покрај караванот, граѓаните можат да се вакцинираат и во здравствените домови, каде нема метеж. Таква беше сликата на пунктот во поликлиниката Букурешт.
Со испраќање СМС пораки преку „Мој термин“, надлежните ги повикуваат граѓаните да дојдат да примат прва или трета доза вакцина, ама интересот е мал. Лекарите велат дека тоа се должи на тоа што многу граѓани го прележале вирусот.
Од почетокот на пандемијата, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава достигна речиси 303 илјади луѓе. битката со вирусот ја загубија повеќе од девет илјади луѓе.
Александра Спировска
