Граѓаните се жалат на високите цени, продавачите забележуваат раст на прометот
По укинувањето на ДДВ-то за основните прехранбени производи, различни мислења. Граѓаните сè уште се жалат на високите цени, продавачите забележуваат пораст на прометот. Надлежните уверуваат дека пакетот со 26 мерки дава резултати…

Дали и колку укинувањето на ДДВ-то за основните прехранбени производи има ефект и се применува во пракса. Потрошувачите со коишто поразговаравме велат – наместо да паѓаат, цените сè уште растат. Продавачите, пак, со кои поразговаравме велат дека намалувањето на ДДВ-то позитивно се одразува на продажбата.
Антикризниот пакет од 26 мерки веднаш почна да дава видливи резултати кои ги чувствуваат сите граѓани, тврдат од СДСМ. Додаваат дека со укинувањето на данокот за додадена вредност, цените на основните продукти остануваат стабилни, а благодарение на намалувањето на акцизата и ДДВ–то за горивата, македонските граѓани точат горива по најниски цени во регионот.
Од Владата велат дека внимателно ја следат состојбата и делуваат за заштита на стандардот на граѓаните, и оти во услови на светска криза и нарушувања на пазарот на храна и енергенси, донесениот пакет со 26 мерки дава резултат.
Марија Котовска
