Над 2.000 проекти во новата програма на ВМРО- ДПМНЕ
05.04.2014 14:46
Програмата предвидува и отворање 64.000 работни места...

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечер, на централниот митинг во Скопје, ќе ја промовира новата изборна програма која, како што најави партискиот лидер и премиер Никола Груевски, ќе содржи 2.046 нови проекти.
На вечерашниот митинг ќе биде официјално претставена и изборната химна на коалицијата „За подобра Македонија“. Песната „Има разлика“ ја изведуваат Владо Јаневски, Каролина Гочева, Наум Петрески, Елена Ристеска, Миле Кузмановски, Калиопи, Ламбе Алабакоски и Сузана Спасовска.
