„Малиџано“ премиерно на битолската театарска сцена
В понеделник на сцената на Битолскиот театар ќе биде премиерно поставена претставата „Малиџано“, во режија на Софија Куновска. Претстава со силен став кој говори за човековите, посебно за правата на жената во ова современо време на изопаченост…

Современата пиеса „Малиџано“ работена по текст на Билјана Крајчевска, но и документарни записи на самите актери, а во режија на Софија Ристевска со еден силен став говори за човековите, посебно правата на жената во овој прекрасен, но и толку суров свет. Жената како општествена фигура, биолошко суштество, но пред сè како мајка.
И покрај сето ова што ни се случува многу е важно да не се откажуваме, туку да продолжиме да живееме барем прераскажувајќи ги нашите приказни. Во претставата говориме за суштински работи преку едно самоиронизирање за животот во едно чудно денешно секојдневие, велат дел од осумчлената актерска екипа.
За оваа премиера значајно е и тоа што таа продуцира и создаде преку својот драматург еден нов македонски текст, кој се очекува во поблиска иднина да биде и издаден.
Стевче Митревски
