Забраната за извоз на житарици и масло продолжена до 15-ти април
Нашата главна цел е да го заштитиме домашниот пазар и граѓаните, велат од Министерството за економија...

Владата донесе одлука да ја продолжи забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло до 15-ти април. Согласно оваа одлука, како што соопштуваат од Министерството за економија, и во наредните 25 дена до 15-ти април ќе биде забранет извоз на: пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед-вклучувајки кршено или дробено, масла од семе од сончоглед, шафраника или мапуково семе и нивни фракции, пречистени или непречистени, но хемиски немодификувани, од сончоглед.
Целта на оваа мерка е заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните, информираат од Министерството за економија.
Владата на седница одржана на 10-ти март донесе Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки, според која се ограничи извозот до 20-ти март 2022-ра година.
