РКЕ
Цената на горивата останува иста
18.03.2022 19:25
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50 проценти во однос на одлуката од вчера...

Горивата од полноќ ќе продолжат да се продаваат по исти цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на бензинот од 95 октани изнесува 79,5 денари за литар, два денари поскап е бензинот од 98 отани, дизелот се продава за 76, а екстра лесното за 72,5 денари за литар.
Единствено мазутот поевтинува за 1,362 денари за килограм.
