Бугарија

Борисов пуштен од притвор

18.03.2022 20:26

Борисов, кој беше пречекан од неговите поддржувачи, додаде дека е загрижен оти следниот пат може да го убијат.

Поранешниот премиер на Бугарија и лидер на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов вечерва е ослободен од притвор. Како што изјави за бугарските медиуми, немало обвинение против него.

„Нè вратија во комунизмот. Вечераме синоќа, влегува полиција. Ниту обвинение, ништо. На крајот излезе дека ништо не е пронајдено. Мислев дека ќе си заминат, и рекоа- ќе те задржиме. Нè донесоа овде. Издржавме 24 часа“, изјави Борисов.

Борисов, кој беше пречекан од неговите поддржувачи, додаде дека е загрижен оти следниот пат може да го убијат.

Од притвор беа ослободени и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и  Севдалина Арнаудова од службата за односи со јавност на Борисов.

Поранешниот премиер на Бугарија вчера беше приведен поради наводни уцени кои ги направил во период од 2014-та до 2019-та година.

Од бугарската полиција информираа дека нивната операција била спроведена со целосно почитување на законот.