Кошарка

Кожув максимално, МЗТ во Куманово

05.04.2014 14:58

Голема борба се очекува во Куманово каде што истоимениот тим ќе го пречека МЗТ Скопје Аеродром...

Вчерашната драма во Гевгелија најави извонредно богата кошаркарска сабота кај нас. Кожув ја совлада Лирија по продолжение со 94-93 со три прецизни шутеви за тројка на Чупковиќ во завршните 40 секунди од дополнителното време, за втор триумф на гевгелискиот состав во два натпревара од Супер лигата.

Голема борба се очекува во Куманово каде што истоимениот тим ќе го пречека МЗТ Скопје Аеродром. Актуелниот шампион ќе се обиде да ја надгради победата од вечното дерби со Работнички, а кумановци ќе се вадат за поразот од Лирија во воведната рунда. Средбата почнува од 19 часот и ќе има хуманитарен карактер.

Во исто време во „Градски парк“ во Скопје, Работнички ќе биде голем фаворит против Струмица, еденствената екипа којашто нема квалитет да се бори за пласман во разигрувањето за титулата.