Македонија

Премиера на претставата „Декамерон“ во Прилеп

19.03.2022 13:28

Вечер во прилепскиот театар премиерно ќе биде изведена претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски. Ова е прва премиера во театарот. А според режисерот и ансамблот претставата е полна со живот и потврда на човековата упорност да се живее животот, толку потребно во ова време.

Прилепскиот театар на публиката и ја нуди првата премиера годинава. Претставата „Декамерон“ и според режисерот и за ансамблот е полна со живот, со триумфот на волјата на човекот, неизбежно потребни во околности на глобална општествена безизлезност.

Во центарот на театарското дејство е човекот, со комплицираните односи. Современ пристап на „човечката комедија“.

Во ова темно живеење, претставата е повеќе од добредојдена зашто носи и силни емоции.

Прилепскиот театар годинава ќе има уште четири премиери.

Елизабета Митреска