Преработувачите и производителите со иницијатива да се стимулира договорното производство
Од асоцијацијата на преработувачките капацитети стравуваат дека по актуелните воени случувања, поскапувањето на земјоделските препарати и со тоа и на производната цена ќе има потфрлување во извозот на нивните преработки. На заедничката средба со производителите со иницијатива да се бараат алтернативни решенија на краткорочен рок, но и да се зацврстува договорното производство што ќе го олесни пласманот на производителите.

Преработувачките капацитети загрижени дека оваа производно-преработувачка сезона нема го достигне минатогодишниот рекорден извоз на преработки од зеленчук и овошје вреден близу 74-ри милиони евра. Од една страна велат стојат блокадите за извоз кон рускиот пазар а од друга неколку кратното поскапување на земјоделските препарати ќе влијае на зголемување на цената на сировините и финалниот производ. Параметри кој можат и те како да го отежнат барањето на алтернативни пазари.
Црвената пиперка со над 60-ст посто учество е најважната сировина. Преработувачите велат мора да се разграничи кој земјоделски производ е сировински а кој е наменет за свежиот пазар. Производителите со барање да се има договорно производство.
Најновите стимулативни мерки на државата се добра основа на овој план велат преработувачите.
Желби и предуслови кој можат да дадат понатамошни ефекти. Но сепак засега поголемиот предизвик е како да се најдат соодветните решенија за пазарните проблеми што ги наметнаа неколкуте видови на кризи.
Стевче Митревски
