Формула 1
Леклер на пол во Бахреин
19.03.2022 18:10
Возачот на ферари Шарл Леклер ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за големата награда на Бахреин...

Возачот на ферари Шарл Леклер ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за големата награда на Бахреин откако имаше најдобро време во квалификациите,како потврда за одличните перфоманси на новиот мотор на Ферари и потврда на стравувањата на Мерцедес дека се половина секунда зад Ферари.Сепак, тука е Ред Бул, па со 123 илјадити делови од секундата втор на стартот ќе биде актуелниот шампипн Мак Ферстапен кој ги раздели возачите на Ферари оставајќи го зад себе Карлос Сајнц. Место во вториот ред како 4-ти и за вториот возач на Ред Бул Серхио Перез, додека Луис Хамилтон и Мерцедес мораа да се задоволат со 5-тата позиција и со време од бемзлаку 7 десетинки зад Леклер,додека мерцедесот на Расел ќе биде девети на стартот.
Фиа денеска го објави и извештајот за контроверзната завршница на минатата сезона во Абу ДАби кога во последниот круг Хамилтон ја загуби титулата од Ферстапен.Фиа призна човечка грешка околу рестатрот на трката во последниот круг, но нема да ги смени резултатите.