Тенис

Завршница на мастерсот во Индијан Велс

19.03.2022 18:13

Тејлор Фриц против Андреј Рубљов и КАрлос Алкараз против Рафаел Надал се двојките од полуфиналето на мастерс тенискиот турнир во Индијан Велс...

Тејлор Фриц против Андреј Рубљов и КАрлос Алкараз против Рафаел Надал се двојките од полуфиналето на мастерс тенискиот турнир во Индијан Велс. Во четвртфиналните мечеви 7-мо рангираниот Рубљов немаше проблеми против Димитров од Бугарија и славеше со 2-0 во сетови 7-5 и 6-2 додека 2 часа игра му беа потребни на американецот Фриц да го елиминира претставникот на Србија, Кецмановиќ со 2-1 во сетови.Во второто полуфинале 18-годишниот шпанец Алкараз по елиминацијата на Нори ќе има сериозно искушение против 4-от носител Рафаел Надал.
На женскиот дел од турнирот во финалето ќе играат Марија Сакари против Ига Швјонтек.Тенисерката од Грција во полуфиналето ја елиминира бранителката на трофејот Паола Бадоса за свое прво мастерс финале во кариерата.Швјонтек стигна до десеттата победа во серија по триумфот над Симона Халеп со 2-0.