УЈП: Неправилности кај 114 даночни обврзници
Најмногу неправилности имало кај трговци на мало со храна и пијалоци, трговци на мало со јајца, месо и производи со месо. Најмногу неправилности имало во Тетово поради неиздавање и неусогласени фискални сметки, информираше директорката Лукаревска.

Засилени контроли на Управата за јавни приходи за неприлагодени фискални каси согласно со владината одлука за намалувањето на ДДВ-то. Најмногу неправилности имало кај трговци на мало со храна и пијалоци, трговци на мало со јајца, месо и производи со месо. Најмногу неправилности имало во Тетово поради неиздавање и неусогласени фискални сметки, информираше директорката Лукаревска.
„Инспекторите согласно направените контроли најмногу неправилности утврдија кај обврзници од Тетово, Струга, Скопје, Прилеп и Охрид. Утврдени се неприлагодени фискални апарати кај трговци на мало со храна и пијалаци, со јајца, со месо и производи од месо во специјализирани продавници. Од 31 контролиран продажен објект во Тетово, кај 15 биле утврдени неправилности и тоа не издавање и неусогласени фискални сметки. Од 28 контролирани објекти во Струга, кај 12 биле откриени неусогласени фискални сметки. Од 136 исконтролирани продажни објекти во Скопје, само кај 13 е откриена неправилност. Во Прилеп и Охрид од направени 32 контроли, кај 12 биле откриени неправилности. Во Битола од исконтролирани 55 објекти, само 10 имале неправилности во работењето“, изјави Лукаревска.
Додаде дека неправилности имало и кај шест продажни објекти во Струмица, Кавадарци, Гостивар и Ресен. Во Неготино неправилно работење е утврдено кај три од вкупно 17 исконтролирани трговци, додека во продажни места од Штип, Гевгелија, Кичево, Велес и Валандово непочитување на одредби од законот е утврдено кај едно продажно место.
Со контролите, кај еден голем трговец кој врши трговија на мало со храна и млечни и месни производи во неколку маркети во Скопје, Струмица, Гевгелија и Валандово е утврдено, потенцира директорката на УЈП, неусогласеност на даноната стапка за месо и други кланични производи. При контролите утврдено е дека кај поголеми маркети од Скопје, Штип, Охрид неусогласеност на даночната стапка со измените на Законот за ДДВ и владината одлука за определвуање на видот на добрата и временскиот период од палаќање на ДДВ.
