Оризопроизводителите бараат гарантирана откупна цена и ослободување од надомест за вода
Со низа отрворени прашања и проблеми се соочуваат оризопроизводителите во пресрет на сеидбената сезона. Скапото гориво и ѓубрива, нецелосно исплатените субвенции, неоткупениот род од минатата година ја прави неизвесна сеидбата на оризот, годинава планирана на 4.500 хектари. Во обид да заштедат на гориво, на дел од кочанско поле се вратија запрегите и рачното орање...

Оризопроизводителите ги испорачаа барањата до Владата пред сеидбената сезона- 40 денари откупна цена за арпата и ослободување од надомест за вода. Очекуваат до крајот на месоцот да им бидат исплатени субвенциите и картичките за зелена нафта.
Заради скапото гориво подготовката на нивите, орањето, превозот на ѓубривото и на семенскиот материјал ги правиме како во времето на нашите дедовци и прадедовци, вели земјоделецот Славе Петров, кој секојдневно со мазги ора по околу три декари од своите ниви.
Според најавите од Водостопанство „Брегалница“ планот е пролетва вода да се пушти на околу 4.500 хектари, исто како и минатата година, но дел од земјоделците велат дека оваа година нема да произведуваат ориз.
Славица Величковска
