Македонија

Прилеп: Акциски тим за градење доверба

20.03.2022 13:51

Насилството отсекогаш постоело, но како општеството се справува со тоа да не прерасне во екстремно на било која основа. Државата има национална стратегија и комитет за спречување на насилен екстремизам и радикализам. Состојбата е стабилна оценуваат, а центарот за заеднички основи преку акциски тимови во локалните заедници гради доверба...

Состојбата во државава е стабилна, мирна и не гледаме висок ризик од насилство или радикализација, сметаат од националниот Комитет за спречување на насилен екстремизам и радикализам. Од март 2018 година имаме национална стратегија, усогласена со ОН И ЕУ, а акцискиот план вклучува 22 институции.

Центарот за заедничка основа од Скопје четири години спроведува проект за градење доверба во локалните заедници. Прво почна во Кичево, Гостивар и во Чаир, а сега во Прилеп, па и во Струга. Се формираат акциски тимови, што е и дел од националната стратегија. Многу битна е довербата меѓу младите.

Надлежните во Прилеп велат дека во градот состојбата е мирна и стабилна.

 

Елизабета Митреска