Собрание

Седници на собраниските комисии за европски и за економски прашања

21.03.2022 08:57

На седницата на Комисијата за економски прашања, како што е најавено, ќе се дискутира по предлог на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика..

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за европски и за економски прашања. Предлог – законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, и предлог – законот за платежни услуги и платни системи, се на дневниот ред на Комисијата за европски прашања.

На седницата на Комисијата за економски прашања, како што е најавено, ќе се дискутира по предлог на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2022 година и предлог на одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за годинава.