Одбојка

За трофејот Синалко и Струмица

05.04.2014 15:25

Синалко и се придружи на Струмица во финалето на плеј-офот во машкиот одбојкарски шампионат на Македонија. Во денешната мајсторка во Крушево, одбојкарите на Синалко го совладаа Вардар со 3-1 што значи дека во ова првенство Македонија ќе добие нов носител на титулата.

Крушевскиот состав беше подобар од црвено-црните со 2-1 во меѓусебниот дуел од полуфиналето, а главниот фаворот за пехарот, екипата на Струмица, од претходно обезбеди место во завршната серија совладувајќи го Пробиштип двапати максимално, и на домашен и на гостиснки терен

Финалето ќе биде одиграно до три добиени, а на првиот меч во салата „Парк“ Струмица ќе ја има предноста на поддршка од своите навивачи.

Во женското разигрување за трофејот, Форца го победи Работнички со 3-0 и поведе со 1-0 во серијата „прв до два триумфа“. Во другото полуфинале Јанта и Македонија Макс утре ќе ја одиграат првата средба.