Евроинтеграции

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во посета на Брисел

21.03.2022 09:21

Шефот на дипломатијата ќе се обрати на Комисијата за надворешна политика на Европскиот Парламент на покана од претседавачот Дејвид Меккалистер..

На покана од грчкиот колега Дендиас, Османи ќе учествува на работен појадок посветен на европското досие на Северна Македонија на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој ќе присуствуваат и високиот претставник за надворешна и одбранбена политика на ЕУ Џозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Шефот на дипломатијата ќе се обрати на Комисијата за надворешна политика на Европскиот Парламент на покана од претседавачот Дејвид Меккалистер и ќе има средба со европратениците од групата „пријатели на Северна Македонија“.

Клучна точка на разговорите ќе биде евроинтеграцијата на земјава и добрососедските односи со фокус на дијалогот со Бугарија, продолжување на реформскиот процес, регионалните случувања и политичката состојба и последиците од војната во Украина.