Атлетика - СП во сала (Белград)

Светски рекорди на Рохас и на Дуплантис

21.03.2022 09:41

Овој нејзин неверојатен резултат е за 31 сантиметар подобар од досегашниот најдобар во сала и тоа во нејзина сопственост и е најдолг воошто трискок во историјата и на натпреварувањата на отворено. Рекордниот трискок на Рохас за злато на Олимписките игри во Токио беше за седум сантиметри пократок од денешниот.

Два светски рекорда на атлетскиот мундијал во сала во Белград. Особено е вредно постигнувањето на атлетичарката од Венецуела, Јулимар Рохас која оствари трискок за историја, 15 метри и 74 сантиметри. Овој нејзин неверојатен резултат е за 31 сантиметар подобар од досегашниот најдобар во сала и тоа во нејзина сопственост и е најдолг воошто трискок во историјата и на натпреварувањата на отворено. Рекордниот трискок на Рохас за злато на Олимписките игри во Токио беше за седум сантиметри пократок од денешниот.

Швеѓанецот Арманд Дуплантис, пак, за две недели двапати го подобрува светскиот рекорд во сала во скок со стап. Повторно во Белград, но сега на Светското првенство, 22-годишниот Дуплантис прескокна сантиметар повеќе, односно рекордни 6 метри и 20.