Кошарка - НБА

Леброн Џејмс втор меѓу најдобрите поентери

21.03.2022 09:53

Ако го задржи просекот од сезонава од околу 30 поени по натпревар, на Леброн ќе му бидат потребни околу педесетина меча за да го стигне легендарниот Џабар.

Победи на домашните екипи во четирите НБА натпревари и ново големо постигнување на Леброн Џејмс. Најдобриот кошаркар на Лејкерс, постигна 38 коша во поразот кај Вашингтон со 127:119, но со вкупно 36,928 поени во карирерата го надмина Карл Мелоун и сега е втор на вечната НБА листа кошкетери. Прв е Карим Абдул Џабар кој има 1459 повеќе. Ако го задржи просекот од сезонава од околу 30 поени по натпревар, на Леброн ќе му бидат потребни околу педесетина меча за да го стигне легендарниот Џабар.

Одличен дуел одигра и Лука Дончиќ со 37 коша и осум тројки, но и неговиот тим Далас беше совладан и тоа од Шарлот со 129:108. И 40-те коша на Џереми Грент не беа Детроит да избегне пораз од кај Кливленд од 113:109. Од победничките екипи само двајца кошаркари на Минесота беа најефикасни и тоа Ентони Едвардс и Карл - Ентони Таунс со по 25 поени во славјето против Милвоки од 138:119.