Пет екипи за уште две места во Супер лигата
Во неделните натпревари од 19-то коло; ТФТ Скопје го совлада Феникс со 77:68 и е петти со биланс 12:7 колку што има и четвртопласираниот, Гостивар.

На три кола до крајот на основниот дел од кошаркарското првенство, четири екипи, Пелистер, МЗТ Скопје Аеродром, Гостивар и ФМП Академија обезбедија учество, а уште пет конкурираат за простанатите две места за пласман во Супер лигата.
Во неделните натпревари од 19-то коло; ТФТ Скопје го совлада Феникс со 77:68 и е петти со биланс 12:7 колку што има и четвртопласираниот, Гостивар.
Еуро никел ја задржа шестата позиција со ефект 11:0 отако на гости го совлада десетиот Куманово сп 75:67.
ФМП Академија обезбеди пласман во Супер лигата откако беше подобра од последната екипа на табелата, Ангели со 83:56 и сега е на третото место со 13 триумфи и шест порази.
