ЕУ бара разговор со Русија, но и подготвува нови санкции
05.04.2014 15:31
Европската унија ќе ги продолжи разговорите со Русија со цел смирување на украинската криза, но подготвена е за воведување нови санкции доколку дојде до ескалација, порачаа шефовите на дипломатиите на земјите - членки на ЕУ по средбата во Атина.
Треба да се убеди Русија да ја деескалира ситуацијата, изјави пред новинарите високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Кетрин Ештон, која претседаваше со состанокот, дополнувајќи дека истовремено во подготовка се и нови санкции.

Министерот за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос, како домаќин на собирот, истакна дека санкциите не се цел сами по себе, туку дека е потребно да се работи на трајно политичко решение на кризата, додека неговиот британски колега Вилијам Хејг се заложи за поостар пристап кон Русија.
Ештон соопшти дека министрите се договориле со Украина и Молдавија да се склучат економски договори, со претходни консултации со Вашингтон и Москва.
Со денешниот состанок всушност беа потврдени заклучоците од министерскиот совет минатиот месец, кога ЕУ на црната листа стави вкупно 33 руски функционери, кои учествуваа во припојувањето на Крим кон Русија.