Мото гп - Индонезија

Триумф на Оливеира на дождливата „Мандалика“

21.03.2022 10:46

Дека втората трка во 74-та мото сезона нема да биде обична, најави излетувањето уште при загревањето на Шпанецот, Марк Маркез од Репсол Хонда тимот кој со потрес на мозокот заврши во болница.

По 25 години мото гп трка во Индонезија. На дождливата патека Мандалика, триумф на мотоциклистот на КТМ, Мигуел Оливеира. 27-годишниот Португалец најдобро се снајде на екстремните услови за четвртата победа во кариерата.

Дека втората трка во 74-та мото сезона нема да биде обична, најави излетувањето уште при загревањето на Шпанецот, Марк Маркез од Репсол Хонда тимот кој со потрес на мозокот заврши во болница.

По неколкуте прекини, на второто и третото место завршија двајца Французи, Фабио Квартараро на Јамаха и Јохан Зарко на дукати.

Иако беше единаесетти, поради славјето на трката во Катар, Италијанецот од Дукати, Енеа Бастини остана прв во генералниот пласман со два бода повеќе од Јужноафриканецот од КТМ, Бред Биндер, три во однос на Квартараро и пет од Оливеира.