Тими Зајц леташе најдалеку за прва победа
На две натпреварувања до крајот на 43-та сезона и тоа на леталницата „Браќа Горишек“ на Планица, лидерот во генералниот пласман Рјоју Кобајаши ја зголеми предноста на 66 бода во однос на Карл Гајгер...

По тимското- мешано олимписко и светското екипно злато, Тими Зајц го оствари првиот индивидуален триумф во Светскиот куп во скијачки скокови. 21-годишниот Словенец, победи на леталницата во германски Оберстдорф со далечени од 211,5 и 232,5 метри и со речиси седум бода повеќе од Полјакот, Пјотр Зила и осум од Австриецот, Штефан Крафт.
На две натпреварувања до крајот на 43-та сезона и тоа на леталницата „Браќа Горишек“ на Планица, лидерот во генералниот пласман Рјоју Кобајаши ја зголеми предноста на 66 бода во однос на Карл Гајгер, откако денеска Јапонецот беше шести, а Германецот девети.
