Алпско скијање - Светски куп

Малите кристални глобуси за Кристоферсен и за Ворли

21.03.2022 10:50

Откако претходно беа познати победниците на 56-от Светски куп во алпско скијање, завршните две трки во француски Мерибел ги решија последните две дилеми, Хенрик Кристоферсен во слалом и Теса Ворли во велеслалом ги освоија малите кристални глобуси...

Откако претходно беа познати победниците на 56-от Светски куп во алпско скијање, завршните две трки во француски Мерибел ги решија последните две дилеми, Хенрик Кристоферсен во слалом и Теса Ворли во велеслалом ги освоија малите кристални глобуси.

Откако го освои второто место во генералниот пласман зад швајцарскиот шампион, Марко Одермат,  27-годишнот Лристоферсен со второто место на последниот слалом, третпат по 2016-та и пред две години е конечен слаломски победник или вкупно четвртипат е најдобар во една дисциплина вклучувајќи го и велеслаломскиот глобус од 2020-та. По десет слаломски трки, Норвежанецот собра деведест бода повеќе од Австриецот, Мануел Фелер кој беше трет во Мерибел. Триумфираше и тоа првпат во кариерата, 21-годишниот норвешки скијач, Атле Ли Мекграт.

Четвртото место, пак, и беше доволно на Теса Ворли да биде велеслалоска првенка. На Французинката и одговараше 14-то место на Сара Хектор за по завршната девета трка да и ја презеде првата позиција на Швеѓанката и тоа со позитива од 27 бода.  За 32-годишната, Ворли ова е втор велеслаломски мал кристален глобус откако беше најдобра и во 2017-та.

Во вкупниот поредок во Светскиот куп, Ворли заврши на третото место зад словачкаата скијачка, Петра Влхова која денска беше трета и американската шампионка, Микаела Шифрин. Победничка на велеслаломот во Мерибел беше Италијанката, Федерика Брињоне што е нејзин 21-ви триумф во карирерата, а четврти сезонава, додека второто место го освои нејзината сонародничка, Марта Басино.