Трета победа во кариерата на Шарл Леклер
24-годишнот Леклер, кој вози под знамето на Монако, го оствари третиот триумф во кариерата претворајќи ги пол - позицијата и најбрзиот круг на Големата награда на Бахреин во 26 бода.

Старуваше 73-от Светски шампионат во формула 1 и тоа по пет години со победа во првата трка во сезоната на возач на Ферари, овојпат на Шарл Леклер.
24-годишнот Леклер, кој вози под знамето на Монако, го оствари третиот триумф во кариерата претворајќи ги пол - позицијата и најбрзиот круг на Големата награда на Бахреин во 26 бода.
По три години 1-2 а славје на Ферари откако второто место му припадна на Шпанецот, Карлос Саинц благодарение и на техничките проблеми во финишот на трката на болидите на Ред Бул. Последните позиции на Мексиканецот, Серхио Перез и на шампионот, Холанѓанецот Марк Ферстапен им овозможија да напредуваат на британските бозачи на Мерцедес, на третото место Луис Хамилтон и на четвртото, Џорџ Расел.
Втората од 22-те трки ќе се вози следната недела за Големата награда на Саудиска Арабија.
