Кај Македонија надежта, кај Италија притисокот
Пред вакви натпревари можност за повеќе тренинзи нема, па се се сведува на анализа на противникот и подготовка на тактиката, мотивацијата не е проблематична. Собирот на нашите фудбалери е вечерва, поради клупските обврски, репрезентацијата ќе биде комплетна утре.

Два натпревара ја делат македонската фудбалска репрезентација до историски успех или до надградување на настапот на Европското првенство. Во плеј - оф конкуренцијата на некогашни светски и европски шампиони, пласманот на Македонија на мундијалот во Катар 2022 би бил вистинска сензација. Оттаму императивот за победа и притисокот е кај ривалите, особено кај Италија којашто како четирикратен првак, не играше на претходното „светско“.
Пред вакви натпревари можност за повеќе тренинзи нема, па се се сведува на анализа на противникот и подготовка на тактиката, мотивацијата не е проблематична. Собирот на нашите фудбалери е вечерва, поради клупските обврски, репрезентацијата ќе биде комплетна утре.
На суспендираните Елиф Елмас и на Тихомир Лостадинов, им се приклучи повредениот Адис Јаховиќ. Селекторот Боби Милевски на негово место го повика напаѓачот на белгиски Вестерло, Ердон Даци кој ќе чека можност да дебитира.
Италија е фаворит, но беше и во квалификациите за Светскиот шампионат во 2018-та, па во Скопје се спаси од пораз, од 1:2 до 3:2, а во Торино беше 1:1. Со оглед дека најпроблематична е конкуренцијата во одбраната, поради неколкуте фудбалери кои не се целосно подготвени, нов малер за Италијанците е повредата на десниот бек на Наполи, Џовани Ди Лоренцо кој дефинитивно нема да настапи.
Полуфиналниот плеј - оф натпревар од сегментот Ц меѓу Италија и Македонија ќе се одигра в четврток во Палермо со специјална дозвола на Министерството за здравство за комплетно пополнет стадион. „Ренцо Барбера“ собира 36 илјади гледачи, по првиот контигент од 1300, за македонските навивачи се одобрени уште дополнителни триста влезници коишто ќе се продаваат до вторник.
