Свет
Авион со 133 патници се урна во Кина
21.03.2022 10:37
Според информациите, на местото на несреќата настанал шумски пожар. Причините за несреќата сѐ уште се нејасни.

Кинески патнички авион на компанијата „China Airlines“ Боинг 737 се урна во јужниот дел на Кина, пренесуваат светските агенции. Засега не е јасно дали има преживеани. Во авионот имало 133 лица.
Според информациите, на местото на несреќата настанал шумски пожар. Причините за несреќата сѐ уште се нејасни.
Авионот бил на домашен лет од Кунминг до Гуангжу кога се урнал на рид во провинцијата Гуангкси во југозападна Кина.
