РКЕ
Нови цени на горивата од полноќ
21.03.2022 13:17
Литар безоловен 95, ќе чини 79 денари, а 98-ката 81 денар. Дизелот ќе се продава за 77 денари, а екстралесното за 73,50 денари за литар. Поевтинува и мазутот за 0,8 денари и килограм ќе се продава за 52,354 денари.

Од полноќ бензините поевтинуваат за половина денар, а за денар поскапувааат дизелот и екстралесното масло.
Литар безоловен 95, ќе чини 79 денари, а 98-ката 81 денар. Дизелот ќе се продава за 77 денари, а екстралесното за 73,50 денари за литар. Поевтинува и мазутот за 0,8 денари и килограм ќе се продава за 52,354 денари.
Причини за најновите корекции на цените се промените на светските берзи и на курсот на денарот во однос на доларот.
