Здравство

64 нови случаи со Ковид-19, починати четири лица

21.03.2022 13:37

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.418, бројот на оздравени пациенти е 292.344, на починати е 9.184, а бројот на активни случаи изнесува 1.890.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 965 тестови, а регистрирани се 64 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 50, Прилеп и Кавадарци – по 5, Битола, Тетово, Крива Паланка и Виница – по1.

Од вкупниот број на позитивни (64), регистрирани се 12 реинфекциии. Регистрирани сe 296 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (63г) и Струмица (77г), починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од Скопје (73г) и Гевгелија (63г). Пријавените лица се починати во период од 05.03. до 12.03.2022 година. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица (4), кај 3 се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.418, бројот на оздравени пациенти е 292.344, на починати е 9.184, а бројот на активни случаи изнесува 1.890.

Досега во земјата се направени вкупно 1.938.935 тестирања на КОВИД-19.