Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?
Одигравме натревари на кои покажавме дека никој не смее ине треба да не потцени. Фудбалската репрезентација на Македонија пред нов предзвик за пласман на Светското првенство во Катар. Италија и Македонија во четврток ќе си ги одмерат силите во Палермо. Пред поаѓањето на фудбалерите директно линковско вклучување во „Македонија наутро“.
Водата е основата за постоењето на живот на планетата земја, а чистата вода за пиење и за одржување на хигиената е неопходна за одржување на животот и здравјето на целиот жив свет. Го одбележуваме 22 март - Светски ден на водата. За квалитетот на водата за пиење линковски вклучувања од Скопје и Битола.
За квалитетот пак на надземните води, кој е задолжен да ги чува, а кој ги загадува, и колку чистите води се предуслов за влез на земјата во ЕУ, се теми на кои разговараме со Ѓорги Митревски од здружението „Еко свест“ и д-р Валентина Славевска Стаменковиќ од Институтот за биологија при ПМФ.
Руско- украинскиот воен конфликт ја стави во сенка ковид кризата, но пандемијата останува актуелна тема ако го земеме бројот нановозаразени на светско нивно. Каква е ковид состојбата и какви мерки се на сила во најголемиот град во Шкотска, и третиот по големина во Обединетото кралство – Глазгов дознаваме од Огнен Велковски.
Одигравме натревари на кои покажавме дека никој не смее ине треба да не потцени. Фудбалската репрезентација на Македонија пред нов предзвик за пласман на Светското првенство во Катар. Италија и Македонија во четврток ќе си ги одмерат силите во Палермо. Пред поаѓањето на фудбалерите директно линковско вклучување во „Македонија наутро“.
А, за љубителите на добрата фотографија, Фото сојузот објави конкурс за јубилејното 60-то издание на Денови на македонската фотографија. Кои се условите кои треба да ги исполнат учесниците дознаваме од претседателот на Фото сојузот, Кирил Штрков.
