Истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените кои сакаат да гласаат на изборите
05.04.2014 15:50
На полноќ истекува рокот за болните и изнемоштените лица кои сакаат да гласат во домашни услови за претстојните претседателски и предвремените парламентарни избори.
Заменик-претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) - Штип Маре Каранакова информира дека има интерес кај болните и изнемоштените за искористување на гласачкото право.

Сите што се пријавиле или ќе се пријават до вечер на полноќ ќе имаат право да гласаат на 27-ми април. По претседателските избори, по 13-и април, ќе донесат само известување дека ќе го користат повторно истото право да гласаат во домашни услови на 26-ти април, додека медицинската документација тогаш не е потребна. Нови пријавувања на болни по претседателските избори нема да примаме согласно законот, вели Каранакова.
Еден ден пред изборите гласаат и лицата на кои им е одреден домашен притвор и осудениците во Затворот во Штип. Новина е и што избирачките одбори на овие избори ќе имаат два избирачки списока, еден за граѓаните кои живеат во земјава, а вториот за иселените во странство кои не се пријавиле да гласаат во македонските дипломатски преставништва.